Синоќа во НБА беа одиграни само два натпревари, а и двата ги добија тимови кои во моментов имаат полош резултати.

Чикаго забележаа домашна победа против Кливленд со што ја прекина низата од 12 порази во меѓусебните дуели со Кавс. Тимот на „Булс“ славеше со 127-111.

Коби Вајт со 25 поени, Џош Гиди со трипл-дабл со 23 поени и по 11 скока и асистенции, заедно со 20-те поени на Црногорецот, Никола Вучевиќ со 20 поени беа најзаслужни за победата на „Биковите“. За Кливленд, Донован Мичел постигна 32, а Џејлон Тајсон 21 поен.

Минесота беа поразени дома од Мемфис со 116:110. Двата тима настапија без своите најдобри играчи, Едвардс и Џа Морант .

Затоа кај Мемфис, најефикасен беше Џарен Џексон кој постигна 28 поени со 12 скока, а Лондејл додаде 20 поени и десет скока.

За Минесота, Џулиус Рендл постигна 21, Донте ДиВинченцо 19 поени со 11 скока, а и Руди Гоберт имаше дабл-дабл со по 16 поени и скокови.