Синоќа се одиграа уште шест натпревари во НБА лигата во кои Лос Анџелес Лејкерс славеа победа над Феникс во „луда“ завршница. Бруклин ја израмнија најголемата победа во својата историјата, а дури ни 12-те тројки на Стеф Кари не им помогнаа на Голден Стејт.

Лос Анџелес Лејкерс извојуваа победа против Финикс во неизвесна завршница со 99:97.

Иако на осум минути пред крајот, Лејкерс водеа со 20 разлика, на 12 секунди пред крајот Санс поведоа со 113:114. Сепак, Леброн Џејмс беше фаулиран при тројка четири секунди пред крајот, реализираше две од три слободни фрлања, а Лејкерси го задржаа водството. Грејсон Ален не успеа да постигне кош на другата страна.
Лука Дончиќ постигна 29 поени и собра шест асистенции, Леброн Џејмс додаде 26 поени. Девин Букер ги предводеше Санс со 27 поени, шест скока и седум асистенции.

Портланд (10-16 / поеди-порази) славеа дома против Голден Стејт (13-14) со резултат 136:131 и ја прекинаа серијата од три порази.

Џерами Грант и Шедон Шарп постигнаа по 35 поени за победничкиот тим. Стефен Кари не им помогна на Вориорс со своите 12 тројки, што е 28-ми пат како постигнува десет или повеќе поени во еден натпревар. Кари натпреварот го заврши со 48 поени.

Бруклин Нетс (7-18) ја израмнија својата најголема победа во историјата.

Синоќа, тие ги победија Милвоки Бакс (11-16) со 127:82. Победата со 45 поени разлика е втора ваква во историјата на клубот. Тоа претходно Нетс го направија против Вашингтон на почетокот на јануари 1993 година (124:79).
Дури девет играчи на Нетс постигнаа двоцифрен број поени.

Резултати:
Индијана – Вашингтон 89:108
Кливленд – Шарлот 111:119 (по продолжение)
Атланта – Филаделфија 120:117
Бруклин – Милвоки 127:82
Финикс – Лос Анџелес Лејкерс 114:116
Портланд – Голден Стејт 136:131