Нови три натпревари, носи денепниот дел, во маката ракометна Супер лига.
Вниманието секако ќе биде насочено кон Охрид, каде ќе гостува актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Тоа е дуел на второ и четврто пласираните екипи на табелата, на која Вардар е прв, а Алкалоид трет.
Конкурентите за највисок пласман и освојување на трофеите (првенство и куп), втор пат сезонава ќе играат меѓусебно.
Првиот дуел во Битола, одигран во октомври месец, пелистерци го добија прелесно со 33-27. Сега зелено-белите со промена на тренерското место, ќе се обидат повторно да дојдат до двата бода. Сепак, се прашуваат и охриѓани. И тие имаат свои калкулации и мотив, а со поддршка од навивачите се надеваат на победа. Во официјалните натпревари, Охрид последен пат го победи пелистер во 2017 година. Но, неодамна, на турнирот „Крсте Андоновски“ кој се одржува во подготвителниот дел за сезоната (август), Охрид успеа да го совлада Пелистер.
Дерби натпреварот Охрид – Е.Пелистер ќе почне до 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Инаку, конкурентите за трофеите, Вардар и Алкалоид веќе си ја завршија својата работа во оваа рунда со убелдивите победи над Радовиш и Куманово.
Покрај натпреварот во Охрид, денеска ќе се играат уште два дуели во Струга и Кавадарци.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 17 КОЛО
Недела
СТРУГА – ПРИЛЕП 16.00 часот
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 18.00 часот
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 18.00 часот
Сабота
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ 23-26
ВАРДАР – РАДОВИШ 40-26
Петок
АЛКАЛОИД – КУМАНОВО 40-25





































