Машката ракометна Супер лига денеска и утре носи по три натпревари од 15-тото коло.
Три од четирите првопласирани екипи на табелата, во оваа рунда ќе играат на домашен терен. Само шампионот Еурофарм пелистер ќе гостува и тоа кај Струга.
Тоа е и воведниот натпревар во ова коло, кој ќе почне половина час порано од другите два денешни. Во нив, лидерот на табелата Вардар го пречекува петто рангираниот Тикве, а Охрид пред својата публика игра против вториот тим на Е.Пелистер.
Останатите три натпревари од ова коло ќе се играат утре.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 15 КОЛО
Петок
ОХРИД – Е. ПЕЛИСТЕР 2 18:00 часот
ВАРДАР – ТИКВЕШ 18:00
СТРУГА – Е. ПЕЛИСТЕР 18:00
Сабота
ПРОЛЕТ – ПРИЛЕП 17:00
АЛКАЛОИД – РАДОВИШ 18:00
БУТЕЛ – КУМАНОВО 18:00





































