Два нови натпревари денеска ќе се играат во рамките од 15.коло на Првата македонска фудбалска лига.

Дуелот во Битола каде Пелистер ја пречекува Македонија ЃП ќе започне во невообичаен термин од 12:30 часот. Половина час подоцна (13.00) во Струмица својот натпева ќе го почнат АП Брера и Тиквеш.

Четирите екипи се во долниот дел од табелата и со веќе отпишаниот Шкупи, до некаде и Работнички, грчевито ќе се борат да ги избегнат местата кои водат во Втората лига.

Веднаш над двоецот последно пласирани се Пелистер и Македонија Ѓорче петров. На битолчани покрај предноста на домашниот терен, во прилог им оди и лошата серија на противникот. „Лавовите“ од Ѓорче на последните пет натпревари немаат победа, а врзаа три порази во низа. Затоа пак пелистерци полека влегуваат во посакуваната форма, со двете победи едно подруго над АП Брера и Шкупи.

Со два бода повеќе од Пелистер и Македонија ЃП, а еден плус во однос на Тиквеш, погоре на табелата е АП Брера. Струмичани се во резултатска криза, а на последните четири натпревар од можните 12 освоија само еден бод. Кавадарчани играат променливо. но имаат позитивен „скор“ на последните четири натпревари на кои два ги добија и еднаш одиграа нерешено.

Кои екипи ќе стигнат до посакуваните бод или три останува да видиме попладнево.

ПРВА ЛИГА – 15 КОЛО

сабота
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 12:30 часот
АП БРЕРА – ТИКВЕШ 13:00 часот
недела
СТРУГА Т.Л. – БАШКИМИ 12:30 часот
ВАРДАР – ШКУПИ 13:00 часот
понеделник
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 13:00 часот
петок
СИЛЕКС – АРСИМИ 1-3