Во машката ракометна Супер лига викендов на програмата е 14 коло кое носи два дерби дуели. четирите првопласирани екипи на табелата и главни претенденти за трофеите денеска и утре ќе играа меѓусебно.

Во салата „Биљанини Извори“ ракометарите на Охрид го пречекуваат скопски Вардар. Ова е натпревар на прво и трето пласираните екипи на табелата.

Охриѓани ќе се обидат да на прекинат победничката серија на Вардар кој досега славеше на сите 13 одиграни натпревари. Задачата секако нема да виде лесна бидејќи црвено-црните играат во фантастична форма.

Јасно му е тоа и на тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ кој сепак верува дека неговиот тим е кадарен да стави крај на вардаровата серија.

„Вардар покажа класа, Чупиќ одлично ја врши работата, од ден на ден се подобри. Со почит, Вардар има огромен квалитет. Тие влегуваат како фаворити, а ние немаме што да изгубиме. Само што почнавме да го градиме овој тим и треба да го играме нашиот најдобар ракомет само во следните неколку сезони. Ни треба голема поддршка од трибините, тимска игра и кога ќе го составиме сето тоа, ќе се обидеме да го победиме Вардар“, изјави охридскиот тренер Ројевиќ.

Првиот овосезонски натпревар, одигран го Скопје, донесе неизвесен ракомет, а вардарци го добија со 33-31.

Можат ли Охриѓани конечно да се израдуваат на победа над Вардар во меѓусебните дуели, останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 19.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Утре во истиот термин во Битола (19.30 часот) ќе се игра второто дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 14 КОЛО

Сабота
Е. ПЕЛИСТЕР 2 – КУМАНОВО 16:00 часот
ТИКВЕШ – СТРУГА 17:00
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 17:30
ПРИЛЕП – БУТЕЛ 18:30
ОХРИД – ВАРДАР 19:30
Недела
Е. ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД 19:30