Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја запиша втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство. Младите македонски фудбалерки ја совладаа селекцијата на Азербејџан со 3:1.

Нашиот национален тим доминираше во текот на целиот натпревар. Калина Попоски го отвори резултатот во 19-тата минута. Предноста ја зголеми Теона Галабовска во 27 минута од пенал. Галабовска беше стрелец и на третиот погодок, во 49.минута, со што ја заокружи одличната партија.

Гостинската селекција успеа да намали преку Јуругова во 35.минута, но немаше сила за целосен пресврт.

Македонија со овој триумф прави значаен чекор напред во квалификациската и го најавува решавачкиот меч против Словенија од последното коло, закажан за понеделник во 12 часот.

Следете нé на социјалните мрежи