Ракометарките на Вардар без поголеми проблеми запишаа нова победа. На гостувањето кај екипата на Спартак, а во натпревар од 10.коло на женската Супер лига, Вардар славеше со убедливи 30:20.

Натпреварот започна израмнето, но по петтата минута Вардар го презеде водството и поведe со 4:2. Спартак успеа да намали на 5:4, но не и да израмни, бидејќи гостинките постепено го зголемуваа темпото и предноста. Во 17-тата минута Вардар водеше со 10:6, а само шест минути подоцна предноста порасна на +5 (14:9). На полувреме црвено-црните заминаа со сигурни 17:11.

Второто полувреме помина во целосна контрола на вардарки. Во 37-та минута ја достигнаа предноста од +7 (20:13), а Спартак немаше сили да се врати во игра. До 49-тата минута гостинките стигнаа до највисоки 27:17, а мечот заврши со конечни 30:20.

Најефикасна кај домашните беше Андоновска со девет гола, додека кај Вардар ист број погодоци постигна Миленковска.

За вардарки ова беше петта победа, а со 10 бодови тие се на четвртото место на табелата, зад триото екипи што се боди за шампионскиот трофеј.

Ивона Кимовска