Четиринаесеттата рунда во машката ракометна Супер лига, носи два дерби дуели. Во нив ќе играат четирите првопласирани екипи на табелата.

Лидерот на табелата Вардар кој досега забележа победи на сите натпревари (13) го чека гостување кај трето пласираниот Охрид. Овој дерби дуел што ќе се игра во салата „Биљанини Извори“ на програмата е во сабота од 19.30 часот.

Во истиот термин (19.30 часот) ден подоцна (недела) ќе се игра и второто дерби во Битола. Таму шампионот и второ рангиран на табелата Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид кој е четврти на табелата.