Со натпреварот одигран попладнево во Струга, каде Шкупи како домаќин го пречека Пелистер комплетирано е 14.коло во Првата лига.
До трите, важни, бодови стигнаа битолчани кој со 0-3 славеа победа.
Првиот дел завртиш без голови 0-0, иако пелистерци односно Здравковиќ ја затресе мрежата на Шкупи, но голот беше поништен поради офсајд.
И во вториот дел мрежите се тресеа, дури четирипати. Сепак погодокот на чаирчани, односно Муарем беше поништен откако стрелецот на голот претходно играч со рака.
Затоа пак оние три на гостите беа регуларни. Во 58-минута битолчани го отворија резултатот, а стрелец беше Петковски. Во 73.минута Александар Ристевски зголеми на 0-2, а Булатовиќ со еврогол во 80.минута го постави конечниот резултат 0-3 за Пелистер.
Со трите освоени бодови и вкупно 14 Пелистер е 10-ти, со ист број на бодови како и Македонија ЃП. Зад нив се Работнички со 7 и Шкупи кој досега освоен само еден бод.




































