Младата женска репрезентација на Македонија, до 19 години, предводена од селекторот Кирил Изов, со победа го отвори квалификацискиот турнир во Струмица во рамките на првата рунда. Нашите фудбалерки ја совладаа селекцијата на Грузија со резултат од 2-0.

Македонија беше подобар ривал во текот на целиот натпревар и ја имаше иницијативата. Првиот гол падна по пола час игра, По нафрлувањето од корнер на Емини на првата статива. Топката стигна до Каралиоска, која шутираше од прва, а по несигурната интервенција на грузиската голманка, Митковска успеа да ја испрати во мрежата за водство од 1-0.

Во вториот дел Грузијките лошо го изведоа корнерот во 49 минута, што им овозможи на нашите девојки да тргнат во брза контра. Топката стигна до Галабовска, која со прецизна долга топка ја пронајде Грозданова која беше осамена. Таа излезе сама еден-на-еден со гостинската голманка и со удар кон левиот долен агол погоди за конечни 2-0. Седум минути пред крајот, Попески ги постави конечните 3-0.

Следниот противник на нашите девојки е селекцијата на Азербејџан, која денеска загуби од Словенија. Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан ќе се игра во четврток, на истиот стадион од 12 часот.

Следете нé на социјалните мрежи