Фаворитите стигнаа до очекуваните победи на денешните дуели од 13.коло од ракометната Супер лига. Алкалоид во Австокманда го совлада Тиквеш со 33:24, додека првакот Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Пролет со 31:25. Воедно ова е најдобра најава за нивниот дерби дуел во следното коло во Битола.

Алкалоид имаше проблеми со Тиквеш пред се во првиот дел. Избраниците на Кирил Лазаров поведоа со 7:3, но потоа следуваше серија од 6-0 на кавадарчани за 9:7 и 12:10. По тајм аутот на Лазаров во 23.минута Алкалоид со 4-1 дојде до +1 (14:13) на полувреме. Во вториот дел Алкалоид имаше комплетна контрола и стигна до нова победа. Најефикасен беше Ненад Костески со 6 голови, додека во подолга пауза (повеќе од една година) на теренот се врати неговиот брат Никола, кој постигна 5 голови сите од седмерци.

Еурофарм Пелистер имаше одличен старт и поведе со 5:0, а таа предност ја зачува до самиот крај на дуелот. Андреј Стојановски од Пролет со 9 голови беше најефикасен на дуелот, додека Дејан Мамансков кај Е.Пелистер постигна 8.

На третиот дуел од денешната програма Бутел – Радовиш 36:20.

На чело на табелата е Вардар со 26 бодови, пред Е.Пелистер со 23, Охрид има 21, а Алкалоид 20.