Фудбалерите на Силекс впишаа нова, деветта, победа во прволигашката фудбалска конкуремнција.

Во воведниот натпревар од 14.коло, Силекс славеше на гостувањето во Ѓорче Петров, пртотив Македонија со 1-2.

Трите голови беа постигнати во првото полувреме. Уште во 15.минута гостите од Кратово поведоа со 0-1, а стрелец на голот беше Мирчевски. Веќе во 26.минута Добив зголеми на 0-2. Домаќините надежта ја вратија во 32.минута со погодокот на Пецов.

Во второто полувреме гостите создадоа уште неколку шанси. Додев ја погоди стативата, веднаш потроа се обиде и Хрвановиќ, а двојна шанса имаа Говедарица и Пиреш, но без ефект. На спротивната страна во 81.минута се закани Али Адем, но резултатот остана не променет.

Со оваа победа и новите бодови, а вкупно 30, Силекс го одржува чекорот во водечкото трио конкуренти за шампионскиот трофеј. Кратовци имаат 5 бодови помалку од лидерот Вардар, четири од Струга ТЛ, и два помалку од шампионот Шкендија.

ПМФЛ – 14 КОЛО

Петок
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-2
Сабота
АП БРЕРА – ВАРДАР 13 часот
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
Недела
ТИКВЕШ – БАШКИМИ
АРСИМИ – ШКЕНДИЈА
понеделник
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л.