Екипата на Наковски волеј го доби дерби дуелот со Работнички во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија.

Мечот од 7.коло одигран вечерва во СЦ ,,Борис Трајковски ” на досега двете не поразен и екипи, струмичани го добија во три сета 0:3.

Првиот гостинките од Струмица го решија релативно брзо и лесно во своја полза со 18-25.

Во вториот сет се играше рамноправно до 14-14, по што следеа три поени редоследно за Работнички и водство 17-14. И тука Работнички застана. По тајмаутот на Хари Наковски дојде во вистинско време, па неговите одбојкарки успеаја да ја анулираат негативата и да го свртат резултатот во своја полза 17-19. Продолжи гостинскиот тим во ист ритам и го реши сетот во своја полза со 22-25, за водство од 0:2.

Во раната фаза на третиот сет тимот на Наковски волеј направи четири поени предност, за водство од 8-12. Реакцијата од гостинската клупа за ,,не впишан поен” при резултат 10-13, доведе до речиси 10 минутен прекин. Тој добро им дојде на домашните одбојкарки кои успеаја да го светата резултатот во своја полза и да поведат со 17-15. Сепак струмичани брзо го консолидираа редовите и ја вратија предноста 18-19. Го искористија моментумот гостинките и во ист ритам во завршија сетот со 20-25, а мечот со конечни 0:3.

Составот на Наковски волеј сега е единствениот кој нема пораз (7 победи), а Работнички го претрпе првиот (6-1). По нив следуваат Јанта волеј, Газели и Младост УГД со скор 4-2 (победи-порази).

Следете нé на социјалните мрежи

ФОТО: Матејчо