Кошаркарите на Тиквеш ја запишаа третата победа во Суперлигата со убедлив триумф над Ангели од 88:63.
Домашниот тим се држеше солидно во првото полувреме и не дозволи гостите да се одлепат. По првата четвртина Тиквеш водеше со 21:18, а на одмор замина со предност од 36:31.
Клучниот момент се случи по големата пауза. Тиквеш силно притисна и во третата четвртина создаде предност од 15 поени. Со тоа разликата кавадрчни на на стартот на последниот период влегоа со +20 (64:44), што беше повеќе од доволно за нова радост.
Андерсон беше најдобар кај победниците со 20 поени и 16 скокови. Глигоријевиќ и Хоукинс постигнаа по 16 поени, Дес додаде 13, а Бошалески заврши со дабл-дабл учинок од 11 поени, 10 скокови и пет асистенции.
Кај Ангели најпрецизен беше Ибраими со 16 поени. Атанасов и Кацарски постигнаа по 11.
Во првиот натпревар денеска, екипата на Маџари славеше над Работнички. Последниот меч од денешната понуда е меѓу Чаир и Гостивар.




































