Голден Стејт Вориорс ја забележаа првата победа во НБА Купот. Тие ги совладаа Сан Антонио Спарс со 109-108 во драматичен финиш.

Стеф Кари блесна со 44 поени. Во второто полувреме постигна 31, а погоди и две слободни фрлања шест секунди пред крајот. Имаше 9 тројки од 17 обиди. Ова е негов најдобар натпревар сезонава. Кари се изедначи со Мајкл Џордан по бројот на натпревари со 40+ поени по 30-тата година и сега има вкупно 44.

Виктор Вембањама беше најдобар кај Спарс, постигна 26 поени, имаше 12 скока, 4 асистенции и 3 блокади.

На 33 секунди до крајот, Вембањама го блокираше обидот на Џими Батлер. Спарс водеа со 108-107. Де’Арон Фокс промаши шут од 17 стапки на 12 секунди до крајот. Потоа го фаулираше Кари, кој ги реализираше слободните фрлања.

Фокс имаше уште една шанса, но промаши скок-шут од 5,5 метри. Времето истече, а Вориорс славеа.