Овој викенд на програмата се натпреварите од деветтото коло во женските ракометни Супер и Прва лига, кое носи интересни пресметки и важни бодови во двете конкуренции.
Колото започна уште во четврток, со дуелот во кој Чаир славеше против Вардар со 31:28. Денес од 12:00 часот во Штип, Астибо ќе биде домаќин на екипата на Куманово.
Викенд програмата кај Супер лигата ќе биде заокружена со натпреварот Ѓорче Петров ЖРК – Пелистер 2012, што ќе се одигра во недела од 16:00 часот во салата „Христо Батанџиев“.
Натпреварот Металург – Спартак ќе се игра во среда, поради обврски на тимот од Автокоманда во ЕХФ Европскиот куп.
Во рамки на Првата лига, саботната програма носи две средби. Првата е дерби дуелот во Скопје каде што од 12:00 часот, Атлетик ќе ја пречека екипата на Деспина. Вториот натпревар започнува во 19:30 часот во Св. Николе, каде што Овче Поле ќе биде домаќин на Стружанка.
Во недела, Првата лига продолжува со дуелот од 13:30 часот во Гостивар, каде што Јехона ќе ја пречека екипата на Шампион, додека Ѓорче Петров МРК е слободен ова коло.
Ивона Кимовска





































