Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша уште еден разочарувачки резултат во квалификациите за Европското првенство. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, младите надежи беа поразени од Шведска со убедливи 1-4. Тоа е четвртиот пораз во пет натпревари за младите македонски фудбалери.
Натпреварот започна со оптимизам. Во 12. минута, Елези ја искористи првата вистинска шанса и со прецизен удар донесе водство од 1-0 за Македонија. Тоа беше момент на надеж и еуфорија за домашната публика, која и покрај „срамна“ бројка.
Но, Швеѓаните брзо се консолидираа. Само десет минути подоцна, Оморовa со два гола во 20-тата и 22.минута направи целосен пресврт. Македонија не успеа да се врати во игра, а гостите ја презедоа контролата врз средината и темпото на натпреварот.
Во второто полувреме, Сонко во 60. минута зголеми на 1-3, користејќи грешка во одбраната на домаќините. До крајот, Будри во 79. минута го постави конечниот резултат 1-4.
Со овој пораз, Македонија останува на претпоследното место во групата, со само три освоени бода од пет одиграни натпревари.
Следниот натпревар е закажан за 18 ноември, повторно во Битола, каде Македонија ќе се соочи со силната селекција на Полска. Мечот започнува во 17:00 часот, но останува прашање дали битолската публика, која денеска делумно го бојкотираше натпреварот, ќе се врати на трибините за да даде поддршка на младите фудбалери.



































