Младинската фудбалска репрезентација на Македонија (У21) попладнево ќе го игра петтиот натпревар во квалификациите за ЕП 2027-ма.
Избраниците на селекторот Станиќ во Битола ќе ја пречекаат селекцијата на Шведска.
Ова е натпревар на две селекции од Е групата кои досега остварија само по една победа (над Ерменија) и имаат по три порази. Судејќи според прикажаното до сега, може да се очекува интересен и неизвесен натпревар во кој деталите би решавале за бодовите.
Нема посебна филозофија.
Анализа на противникот, максимална посветеност и 100% влез во мечот. Како што доликува да се игра во националниот дрес.
Ништо помалку од тоа“ – вели капитенот на нашата репрезентација Матеј Ангелов.
Денешниот дуел со Швеѓаните е првиот од двата што македонските младинци ќе ги играат на домашен терен во Битола. Следниот ќе се игра на 18 ноември, кога на стадионот „Петар Милошевски“ ќе гостува селекцијата на Полска, која како и Италија имаа максимални четири победи.
Денешниот натпревар меѓу Македонија и Шведска ќе почне од 17 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































