Кошаркарите на битолски Пелистер продолжуваат со европските предизвици. Тие денеска гостуваат во Словачка кај екипата на Приевидза.

Словачкиот тим е единствениот што Пелистер го победи во ФИБА Европа Купот, на дуелот во Битола. Затоа зелено-белите  веруваат дека со добро издание, повторно ќе можат да го совладаат овој ривал. Победата секако е императив за пелистерци, бидејќи само со неа би останале во игра за второто место во групата и пласман во следната фаза. 

„Имавме еден меч со Приевидза и знаеме со каков противник ќе се сретнеме утревечер. Во Битола покажавме дека можеме да ја победиме Приевидза.

Имаме доста тежок распоред во изминатиот период и доколку физички одговориме на предизвикот, можеме да дојдеме до посакуваната победа.

Шансите за пласман ни се мали, но сигурно кај нас постои мотивација за борба и за надигрување во оваа прва сезона во европските натпреварувања“, изјави Бобан Стајиќ, еден од најискусните во таборот на Пелистер.

Дуелот од 5.коло на Д групата, меѓу Приевидза и Пелистер ќе почне во 19 часот, а може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

Следете нé на социјалните мрежи