Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска почнува нов квалификациски циклус

Македонските кошаркарки со натпреварот против Данска го запопуваат настапот во првиот круг квалификации за Европското првенство во 2027 година.

Ова е првиот од трите натпревари од Ф групата кои напите кошаркарки ќе ги играат во овој т.н. „прозорец“.

Покрај денешниот натпревар со Данска што ќе се игра во СЦ „Кале“, нашите кошаркарки веќе во сабота ќе ја пречекаат Грција. Три дена подоцна на 18 ноември ќе и гостуваат на Хрватска.

Денешниот дуел Македонија – Данска што ќе почне од 17 часот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи