Во првиот натпревар од 12.коло од ракометната Супер лига вечерва во Охрид истоимената домашна екипа го совлада Алкалоид со 28:24.
На почетокот на натпреварот се играше рамноправно до 14.минута кјога на семафорот стоеше резултатот 6:6. Потоа ракометарите на Охрид предводени од словенечкиот интернационалец Тилен Стрмљан стигна до висока предност од шест разлика која беше и на полувремето 17:11.
Во второто полувреме избраниците на Кирил Лазаров намалија на 20:22, кон средина на полувремето. Но, домашниот тим во завршните повторно ја консолидираше играта и дојде до ново највисоко водство од 28:21.
Најефикасен на дуелот беше Стрмљан со 11 голови. Со денешната победа Охрид со 19 бодови го мина Алкалоид на табелата и се искачи на третата позиција, додека тимот на Лазаров е на четвртото место со 18. Лидер е Вардар со 22 бода, пред Еурофарм Пелистер со 19.

































