Ноќеска се одиграа шест натпревари од НБА лигата.

Оклахома Сити Тандер ги победија Гризлис во Мемфис со резултат од 114:100.

Шампионот на НБА дојде до победата по голем пресврт. Во текот на второто полувреме, Тандер имаше негатива од 19 поени, само за да се врати на израмнување во средината на третата четвртина. Сепак во последната со голема серија ја направија разликата и славеа триумф. До десеттата победа Оклахома ја предводеше Шеј Гилјус-Александар со 35 поени, 7 скока и 6 асистенции.

Детроит е во серија од шест победи, откако ја совлада Филаделфија на гостински терен.

Кејд Канингем постигна 26 поени, Дурен 21 и 16 скока. Кај Сиксерсите, Макс имаше 33 поени, го немаше Ембиид, ветеранот Драмонд направи дабл-дабл против својот поранешен клуб со 17 поени и 12 скока.

Тројките му ја донесоа победата на Бостон на гостувањето кај Орландо со 111-108.

Вајт и Џордан Волш погодија тројки во последната минута за да го пробијат резултатот. Џејлен Браун беше најефикасен кај гостите со 27 поени, Анферни Симонс постигна 25.

Резултати:

Мемфис – Оклахома 100:114
Њујорк – Бруклин 134:98
Орландо – Бостон 107:111
Филаделфија – Детроит 108:111
Голден Стејт – Индијана 114:83
Сакраменто – Минесота 117:144
Милвоки – Хјустон 115:122