Два натпревари, во Скопје и Битола, попладнево беа одиграни во рамките од 13.коло на Првата македонска фудбалска лига.
На натпреварот одиграна арената Тодор Проевски во Скопје, Вардар се изнамачи да го совлада Тиквеш. Црвено-црните го скршија отпорот на гостинот во последните 10 минути од натпреварот и славеа со 3:1.
Вардарци поведоа уште во 19-тата минута со голот првенец на Ворен Чимбембе. Сепак, кавадарчани не се откажаа и успеаја да го изренат резултатот во во самиот финиш на првото полувреме. Во 45 минута, беше досуден пенал за гостите кои го реализира Ивановски.
Во вториот дел односно 65-та минута вардарци имаат двојна шанса. По слободниот удар кој го изеде Бабунски топката дојде до Данев, но гостинскиот голман Стевковски одлично одбран. Гостите од Кавадарци не го издржаа до крајот притисокот на вардарци. Со двата гола во финишот на Спахиу и Мато, Вардар пиша нова, десетта победа со која се врати на врвот на табелата.
На натпреварот во Битола, пелистерци конечно по речиси три месеци се израдуваа на првенствена победа.
Пелистер славеше во дуелот против струмичка Берера со 1:0.
Домашниот состав поведе во првиот дел, односно 23.инута со голот на Вилдан Керим. Сепак гостите кои играат во одлична форма во последните неколку кола не се предадоа. Во вториот дел струмичката екипа, односно Нзенгуе, постигна погодок кој беше поништен поради офсајд. Иако гостител струмица со сите сили се обидуваат да стигнат до озарамување сепак тоа не се случи, пелистерци конечно се израдуваа на триумф.




































