Нема многу време е за одмор за македонските фудбалски прволигаши. По два натпревари ќе се одиграат од денеска до понеделник во рамките од 13-тото коло.
Втор рангираниот тим на табелата Струга трим Лум пред своите симпатизери ќе игра против новајлијата во оваа конкуренција Арсими. Екипата од Гостивар ќе има тешка задача на ова гостување да ја продолжи низата од три натпревари без пораз. Стружани пак ќе се обидат да ја врзат и третата последователна победа со која би избиле барем за миг на врвот на табелата.
Вториот денешен натпревар ќе си игра во Куманово, каде составот на Башкими ќе го пречека претпоследно рангираниот Работнички. „Романтичарите“ од Дебармаало не знаат за триумф повеќе од два месеци. Тешко ќе биде за нив да стигнат до бод, а можеби три на ова гостување кај амбициозниот состав на Башкими. Но и кумановци во последните два натпревари освоија само еден бод, откако во претходното коло загубија од Арсими со 2-4.
Двата натпревари ќе стартуваат во терминот од 13 часот, како и дуелите што ќе се играат во недела и понеделник.
ПРВА ЛИГА – 13 КОЛО
сабота
СТРУГА Т.Л. – АРСИМИ 13 часот
БАШКИМИ – РАБОТНИЧКИ
недела
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА
понедленик
СИЛЕКС – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП




































