Прволигашката машка кошаркарска конкуренција, денеска продолжува со два натпревари во Скопје и Битола.

Првиот ќе се игра во СЦ „Кале“ во Скопје, каде тимот на Работнички ќе го пречека составот на Чаир.

Домаќинот ја има улогата на фаворит и ќе се обиде да ја врзе четвртатата победа во низа, по двата стартни порази. Од друга страна, Чаир досега се нема израдувано на победа и има пет порази. Овој натпревар ќе почне од 15 часот.

Во вечерниот терми, ќе се игра дербито во Битола. Кошаркарите на Пелистер ќе го пречекаат шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

На изминатите пет одиграни натпревари во домашното првенство, двата тима забележаа исто толку победи. Сепак аеродромци останаа „куси“ за една, откако поради пропуст службено го загубија натпреварот со Ангели. За да го одржат чекорот со конкурентите , сино-белите од Скопје, несмеат да си дозволат „кикс“. Но, се прашуваат и битолските „зелени“ кои сигурно ќе имаат голема поддршка од своите навивачи „Чкембари“.

Дербито Пелистер – МЗТ Скопје што ќе почне од 20 часот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 6 КОЛО

сабота
РАБОТНИЧКИ – ЧАИР 15.00 ч.
ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ А. 20.00 ч.
недела
КОЖУВ – МАЏАРИ 20.30 ч. МРТ3
петок
ТИКВЕШ – ФЕНИКС _____
ТФТ – АНГЕЛИ _____
ГОСТИВАР – КУМАНОВО _____