Две женски македонски одбојкарски екипи, Работнички и Наковски волеј денеска ќе имаат настап на европската сцена. Тие ќе ги играат реванш натпреварите од првото квалификациско коло во ЦЕВ Челенџ купот.
Скопски, Работнички повторно гостива во Естонија кај тимот на Рае Спортдикол Властон.
Овие две екипи вчера го одиграа својот прв меѓусебен меч кој естонскиот ти го доби со 3:0 во сетови. Одбојкарките на Работнилки кои го загубија вториот сет на разлика покажаа дека имаат капацитет да одиграат и многу подобро. Доколку избраничките на Душко Деспотовски ја повторат играта од тој сет, тие би можеле да се надеваат и на многу подобар резултат. Овој меч ќе сторува во терминот од 18 часот.
Еден час подоцна (19) во Струмица на терен ќе истрчаа одбојкарките на Наковски волеј.
Тие ќе го играат реванш дуелот против чешката екипа на Острова. И пред првиот натпревар на овие два тима, јасно беше дека улогата на фаворит ја има чешкиот тим, а тоа го потврди со убедливо добиените три сета на првиот прв меч. Сепак, во редовите на младиот струмички тим најавуваат дека нема денеска на излезат со „бело знаме“, Напротив составот на Наковск волеј е подготвен да даде се од себе, барем да го изнамачи противникот.




































