Два натпревари денеска ќе се играат во рамките од 12.коло на Првата македонска фудбалска лига.
Првиот е во Струмица, каде Брера ќе го пречека кратовски Силекс.
Во овој натпревар двете екипи влегуваат по поразите во претходната рунда од Вардар и Шкендија. Домашниот состав на Брера иако загуби од шампионот, сепак покажа дека формата на екипата е во нагорна линија, За тоа говорат и резултатите на последните четири претходни натпревари, на кои струмичани остварија три победи и едно реми. Кратовци од друга страна играат променливо, тие или победуваат или губат. Силекс е единствената екипа во првенството која нема одиграно нерешено.
Затоа на овој натпревар што ќе почне од 13.30 часот може да очекуваме борбен и напаѓачки фудбал.
Во терминот од 17 часот во Битола, ќе кај Пелистер ќе гостува скопски Вардар.
Ова е дуел на двата најголеми ривали во макеоднскиот фудбал, кои еден период играа и во второлигашката конкуренција. Сега во „елитната“ екипите влегуваат од дијаметрално спротивни позиции на табелата. Вардарци се меѓу четирите конкуренти кои се борат за шампионската титула. Тие во моментов се втори зад Струга ТЛ, но со победа ќе се вратат на првото место. пелистер пак е меѓу екипите кои ги чека грчевита борба за опстанок во Првата лига. Битолчани се немаат израдувано на првенствена победа уште од август месец, а беа елиминирани и во Купот на Македонија.
Затоа Вардар во овој натпревар влегува како голем фаворит, но без разлика на улогата, Пелистер ќе има мотив и поддршка од трибините, па може да очекуваме „тврд“ натпревар.
Двата денешни натпревар од Струмица и Битола ќе може да ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.
ПМФЛ – 12 КОЛО
среда
АП БРЕРА – СИЛЕКС 13.30 ч.
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 17.00 ч.
одиграно
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 0-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА Т.Л. 0-2
АРСИМИ – БАШКИМИ 4-2
15.ноември
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА




































