Во Првата фудбалска Лина н Македонија, попладнево се одиграа два натпревари од 12-тото коло.
Двете среди се играа во Скопје, а завршија со победи на гостите Струга ТЛ и Тиквеш.
Во Ѓорче Петров, екипата на Струга ТЛ ја победи Македонија со 0-2. Ричи во 32-рата и Компаоре од пенал во 82.минута беа стрелци на головите за стружани. Со освоените три вода и вкупно 29, Струга ТЛ изби на врвот на табелата пред Вардар кој утре гостува во Битола.
На теренот крај ФФМ, екипата на Тиквеш со истиот резултат+0-2) го совлада Работнички. Гостите од Кавадарци головите ги постигнаа во второто полувреме за само трета првенствена победа. За Работнички кој е претпоследен на табелата тоа беше седмиот пораз.
Утре покрај дербито Пелистер – Вардар што ќе почне од 17 часот, ќе се игра и натпреварот Брера – Силекс.




































