Во Првата македонска фудбалска лига попладнево во Скопје ќе бидат одиграни два натпревари од дванаесеттото коло.

Второпласирани од тим на табелата Струга Трим Лум го очекува незгодно гостување во Ѓорче Петров кај Македонија. Двата тима играат во променлива форма во последниот период. Стружани на последните три натпревари имаат по еден нерешен резултат пораз и победа. „Лавовите“ од Ѓорче се без пораз на последните три натпревари, а само еднаш успеаја да се израдуваат.

Затоа пак во вториот натпревар во кои Работнички ќе биде домаќин на Тиквеш двете екипи влегуваат со лоша серија. „Романтичарите“ од Дебармаало, незнаат за првенствен триумф уште од средината на септември месец. Дуелот против кавадарчани ќе го почнат од претпоследното место на табелата со два бода помалку во однос на Тиквеш кој е девети.

Двата денешни натпревари ќе почнат во терминот од 15.30 часот, како и утрешниот во Струмица каде Брера ќе го пречека Силекс. За утре закажано и вечното дерби во Битола меѓу Пелистер и Вардар, а тој натпревар ќе почне од 17 часот.

ПМФЛ – 12 КОЛО

вторник
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 13 ч.
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА Т.Л. 13 ч.
среда
АП БРЕРА – СИЛЕКС 13 ч.
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 17 ч.
понеделник
АРСИМИ – БАШКИМИ 4-2
15.ноември
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА