Ноќеска во НБА се играа првите натпревари од Купот.
Словенецот, Лука Дончиќ имаше фантастично враќање на терените по кратката пауза поради повреда. Дончиќ оствари дабл-дабл ефект во победата на ЛА Лејкерс на гости кај Мемфис со 112:117.
Дончиќ натпреварот го заврши со 44 поени, 12 скока, а имаше о шест асистенции. Словенецот стана само вториот играч по Вилт Чембрлејн, кој на три последователни натпревари на отворањето на сезоната постигнал 40+ поени.
Двоен ефект имаше и Никола Јокиќ кој прв пат сезонава не стигна до трипл-дабл.
На Србинот му фалеше една асистенција петти пат да стигне до трипл-дабл. Тој постигна 21 поен, 14 скока и девет асистенции, но тоа не му помогна на Денвер да избегне пораз од Портланд со 109:107.
Резултати:
Индијана – Атланта 108:128
Филаделфија – Бостон 108:109
Кливленд – Торонто 101:112
Чикаго – Њујорк 135:125
Мемфис – ЛА Лејкерс 112:117
Феникс – Јута 118:96
Портланд – Денвер 109:107
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 126:124



































