Машката кадетска репрезентација на Македонија со победа ги полна квалификациите за Европското првенство 2026-та година.

Во рамките од Д групата на турнирот во Луксембург, избраниците на Горан Кузманоски беа подобри од Финците со 36-29.

Првото полувреме мина во израмнета игра во која двете селекции се менуваа во водствата. Финците беа за нијанса подобри, па по првите 30 минути имаа два гола предност 13-15.

Македонските кадети го почнаа вториот дел со три врзани голови. Сепак противникот одржуваше резултатска рамнотежа се до 47.минута кога следуваше нова серија на Македонија. Црвено-жолтите успеаја да се одлепат, а потоа постепено да ја зголемуваат предноста. на крајот нашите младибски славеа и убедливо со 7 голови разлика.

Јован Петрески со 10 и Бобан Поповски со 9 голови (без промашување), беа двајцата најефикасни ракометари на Македонија.

Со оваа победа тие го направија првиот голем исчекор кон  Европското првенство во Србија наредната година. Имено двете првопласирани селекции од групата во која се уште и Луксембург и Грција ќе обезбедат пласман на шампионатот.

Утре, од 14.30 часот, Македонија ќе игра против Грција, а во недела (15.30 часот) против домаќинот Луксембург.