Со дербито во Тетово во кое Шкендија го победи Вардар комплетирано е 10.коло во Првата фудбалска лига. Во него Вардар по осум години пауза успеа да ја совлада Шкендија со 1-0 и го презеде лидерското место на табелата.
Првото големо возбудување беше во 30.минута пред голот на вардарци, а по тројна шанса која ја имаа домашните фудбалери. Резултатот остана не променет благодарение на гостинскиот голман Талевски и одбранбениот играч Најдовски.
На стартот на вториот дел Алхасан играше со рака во сопствениот шеснаесетник по што беше досуден пенал за Вардар. Одговорноста ја презема Давид Бабунски кој реализираше за водство на Вардар од 0-1.
Тоа водство како да им даде дополнителен мотиви на вардарци кои во продолжението на натпревари играа поконкретно. Почесто избраниците на Седлоски напаѓаа по голот на Шкендија, а јалови беа обидите на тетовци.
Во финишот на натпреварот (89.минута) Бесарт Ибраими ја затресе вардаровата мрежа. Сепак, радоста на тетовци траеше кратко, бидејќи по прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен поради офсајд.
Со оваа победа и трите освоени бодови, а вкупно 24, Вардар сега е прв на табелата пред Струга ТЛ (23) која во оваа рунда беше изненадена и поразена од АП Брера. На третото место е Силекс со 21 колку што има и Шкендија на четвртата позиција.

































