Една одлично четвртина, втората, им беше доволна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром да дојдат до третиот триумф во четири одиграни кола. Актуелниот шампион МЗТ славеше на гостувањето кај Гостивар со 77:57 во последниот натпревар од оваа рунда во Супер лигата.

По релативно сиромашната, со поени, прва четвртина, која ја решија во своја корист (13:11), „сино-белите“ притиснаа во вторите десет минути во кои и практично го решија прашањето околу победникот. На полувремето, МЗТ Скопје Аеродром замина со 15 поени предност (41:26). Во второто полувреме аеродромци рутински ја сочуваа и наградија предноста за на крајот да слават со +20.

Смит Мексвејн уште еднаш потврди дека е добро дополнување за овој ростер на екипата од Аеродром. Американецот запиша 14.поени, додека по 12 имаа Крстевски и МекКејден.

Во домашната екипа, единствено Карахоџиќ може да се пофали со двоцифрен пантерски учинок со 12 поени.