Реал Мадрид и Барселона денеска, попладнево, ќе го одиграат најголемото дерби во светот на фудбалот, легендарниот „Ел Класико“. Мечот ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и ветува вистински спектакл исполнет со страст, емоции и врвен фудбал.
„Кралевите“ влегуваат во дербито како лидери во Ла Лига, со цел да го задржат врвот на табелата и да ја продолжат импресивната серија на победи. Чаби Алонсо ќе се потпре на Џуд Белингем, потпомогнат од офанзивниот тандем Винисиус Жуниор и Родриго.
Реал Мадрид традиционално има доминација на домашен терен, а публиката на „Бернабеу“ секогаш знае да направи разлика во вакви натпревари.
Барселона пристигнува во Мадрид со јасна цел, да покаже дека има конкурент тим за титулата.
Тренерот Ханси Флик има проблеми околу најдобриот тим. Повреден е Рафиња, а неизвесен за настап е и искусниот голгетер Роберт Левандовски. Затоа адути на каталонскиот тим се младите таленти Ламин Јамал и Фермин Лопез, заедно со Рашфорд кој игра во одлична форма,
Историја на „Ел Класико„
Од првиот официјален меч во 1902 година до денес „Ел Класико“ е одигран во повеќе од 250 дуели во сите натпреварувања.
Реал Мадрид моментално има мала предност во меѓусебните дуели со 106 победи, две повеќе победи од Барселона 104.
Барселона, пак, се радуваше на последните пет меѓусебни дуели во сите натпреварува, а лани на „Сантијаго Бернабеу“ победи со 4:0.





































