Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе петиот пораз (во низа) во Лигата на шампионите.
На гостувањето во Германија кај актуелниот европски шампион Магдебург, пелистерци беа поразени со 36-26.
До средината на првото полувреме Пелистер беше рамноправен, а домаќините одржуваа предност од 1-2 гола. Во 16-тата минута за прв пат Магдебург поведе со три разлика 10-7. Најголемата предност германскиот тим ја имаше во последната минута кога водеше со шест разлика, а со току замина и на одмор 19-13.
Во вториот дел, европскиот првак уфрли во поголема брзина и почна да ја зголемува гол разлика. На крајот Магдебург славеше со 10 голови разлика.
Филип Кузмановски со 6 голови беше единствениот кој можеше да направи нешто во нападот на Пелистер. Младиот Алем Хаџиќ кој играше во завршните минути постигна 4 погодоци, а голманот Митревски имаше осум одбрани.
Следен противник на Еурофарм пелистер ќе биде унгарскиот Сегед во мечот што ќе се игра во Битола на 12 ноември.



























