Македонскиот ракометен првак Еруофарм Пелистер денеска ќе го игра шестиот натпревар во Лигата на шампионите. 

Пелистерци ги чека досега најтешкиот противник, еврипскиот шампон Магдебург на кого му гостуваат во Германија. 

Магдебург досега е перфектен во Лигата на шампионите, остварувајќи максимални пет победи. Пред германскиот тим „паднаа“ ПСЖ, Барса, Висла, ГОГ и Сегед. За квалитетот на Магдебург е излишно нешто повеќе да се каже, но она што пелистерци ќе се обидат е да се покажат во најдобро издание. 

„Сите знаат каков стил негува ривалот. Ние ќе се обидеме да ја зграпчиме секоја прилика што ќе ни се пружи. 

Се надевам дека ќе можеме да бидеме уште подобри од мечот со Барселона, затоа што одигравме одлично. Не бевме перфектни, но бевме близу.

Ако не сме безгрешни против тим како Магдебург, сигурно ќе имате многу проблеми“, истакна Рубен Гарабаја тренерот на пелистерци. 

Дуелот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер ќе почне од 2045 часот, а може да го гледате во живо овде и низ тв пренос на МРТ3.

Следете нé на социјалните мрежи