Фудбалерите на Вардар денеска ја почнуваат одбраната на трофејот во Купот на Македонија. Имено ланскиот освојувач, беше слободен во првата рунда, а денеска за прв пат ќе игра во ова натпреварување.
Вардарци како домаќини ќе играат на теренот крај ФФМ, а противник ќе им биде екипата на Новаци. Се освен триумф на црвено-црните би било огромно изненадување, но изненадувањата во куп натпреварите не ретко се случуваат.
Победникот од овој натпревар ќе ги даде претпоследниот патник во четвртфиналето. Натпреварот ќе почне од 14 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Последниот ќе го дознаеме дури на 19 ноември за кога е закажан дуелот меѓу шампионот Шкендија и Тиквеш.
Пласман во четвртфиналето веќе обезбедија: Силекс, Струга ТЛ, Работнички, Шкендија Арачиново, Охрид и Детонит Плачковица.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале
22 октомври ВАРДАР – НОВАЦИ 14 часот
19 ноември ШКЕНДИЈА Тетово – ТИКВЕШ 13 часот
БАШКИМИ – СИЛЕКС 1-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0-5
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 4-3 на пенали (1-1)
ШКЕНДИЈА Арачиново – ПЕЛИСТЕР 1-0
ОХРИД ЛИХНИДОС – ШКУПИ 3-0
БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-1
- се игра еден натпревар


























