Екипата на Вардар победнички ја почна одбраната на трофејот во Купот на Македонија. Вардарци ја оправдаа улогата на фаворит во осминафиналниот дуел против Новаци.

Црвено-црнитре славеа победа со 3-1 и се претпоследниот седми учесник во четвртфиналето.

Серијата на голови ја отвори Спахиу уште во осмата минута. Веќе во 18.минута капитенот Омерагиќго постигна својот прв гол на натпреварот за 2-0. Гостите намалија од пенал во 44.минута кој го реализира Ивановски. Сепак Омерагиќ во 79.минута ги разреши сите дилеми за победа на Вардар со 3-1.

Последниот четвртфиналист ќе го дознаеме дури на 19 ноември за кога е закажан натпреварот меѓу шампионот Шкендија и кавадаречки Тиквеш.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале

ВАРДАР – НОВАЦИ 3-1
БАШКИМИ – СИЛЕКС 1-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0-5
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 4-3 на пенали (1-1)
ШКЕНДИЈА Арачиново – ПЕЛИСТЕР 1-0
ОХРИД ЛИХНИДОС – ШКУПИ 3-0
БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-1
19 ноември
ШКЕНДИЈА Тетово – ТИКВЕШ 13 часот