Кошаркарите на битолски Пелистер ја остварија првата победа на европската сцена. Пелистереци во меч од 2.коло на ФИБА Европа купот ја совладаа словачката екипа Приевидза.
На натпреварот одигран вечерва пред својата публика во Битола, Пелистер славеше со 90-83.
Гостинскиот тим подобро го почна натпреварот и во првиот квартал имаа и седум поени предност. Првата четвртина ја дови Приевидза со 18-22. И во вториот период гостинскиот состав во најголемиот дел беше во предност. Пелистерци прв пат поведоа во 18.минута со 39-37. На одмор зелено-белите заминаа со поен предност 41-40.
Затоа пак Пелистер започна многу посилно во вториот дел. Брзо зелено-белите создадоа двоцифрена пресност. Македонскиот тим го доби периодот со 11 разлика, па во последната четвртина влезе со +12 (68-56). Иако гостите од Словачка во финишот дојдоа на само четири негатива, избраниците на Даскаловски не ја испуштија шансата да се израдуваа на првата победа.
Прв стрелец во составот на Пелистер беше Американецот, Остин Прајс со 25, а додека Никола Малешевиќ додаде 18 поени.
Следниот натпревар пелисерци ќе го играат на Кипар на 29 октомври (четврток) каде ќе му гостуваат на Керавнос.
Во меѓувреме ќе одиграат и два натпревари во домашното првенство со Маџари (петок) и Феникс (понеделник).




































