макеоднскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром победнички ја полна сезоната во АБА2 лига. Аеродромци се со јасна цел и на претстојниот дуел од 2.коло во Никшиќ против екипата на Сутјеска.

Откако пред својата публика славеше над српскиот претставник Вршац (75:63), сега сино-белите сакаат победа и над Сутјеска.

„Секој натпревар за нас е ист, без разлика на противникот.

Веруваме во својот квалитет, поради што атакуваме на победа без разлика кој е на спротивната страна на теренот.

Така ќе биде и во Никшиќ“, вели Елајџа Мек Каден, кошаркарот на МЗТ Скопје. 

Задачата секако нема да биде лесна за избраниците на Атанасов, но целта е јасна. 

„Пред нас е тежок дуел за добра квалитетна екипа.

Нашата цел се знае, оди на победа на секој натпревар, што знае дека ќе сториме се за да дојдеме до триумф против силината и добрата Сутјеска и да ја продолжиме победничката низа во АБА2“, изјави тренерот Атанасов. 

Дуелот од 2.коло меѓу Сутјеска и МЗТ Скопје ќе почне од 20 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.