Mакедонскиот ракометен вицепрвак Вардар денеска ќе го игра вториот натпревар на европската сцена.

Vо натпреварот второто коло E групата вардарци гостуваат во Франција кај составот на Феникс во Тулуз.

По стартниот триумф во првата рунда над хрватскиот Сесвете, црвено-црните во Франција ќе се обидат да стигнат и до втората радост. Задачата сигурно нема да биде лесна имајќи предвид дека противникот во 1.коло беше непријатно изненаден и поразен на домашен терен од Кристијанштад.

Дуелот меѓу Феликс и Вардар ќе стартува во терминот од 18:45 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на мрт3

Во истиот термин ќе се игра и вториот натпревар, во кој хрватската екипата на Сесвете е домаќин на Кристијанштад.

Следете нé на социјалните мрежи