Четири натпревари попладнево се одиграа во осминафиналето на Купот на Македонија. По нив познати се вкупно шест од осумте четвртфиналисти.
Денешното „дерби“ се играше во Куманово каде Башкими го пречека Силекс. Составот на Силекс славеше победа со 2-1 и обезбеди пласман во следната рунда.
Гостите од Кратово поведоа уште во 4.минута со погодокот на Донев, а во 42-рата Симовски израмни на 1-1. Во вториот дел (68.минута) Милош Николиќ повторно му донесе предност на Силекс од 1-2, резултат кој остана не променет до крајот на натпреварот.
Улогата на фаворит ја оправда екипата на Струга Трим Лум. Стружани на гостувањето во Ѓорче Петров ја надиграа Македонија убедливо со 5-0.
Второлигашот Шкендија од Арачиново со голот на Љамалари го елиминира битолски Пелистер. На дуелот во Автокоманда, каде Работнички ја пречека штипска Брегалница пеналите го решија победникот. Откако по 90-минути резултатот беше израмнет 1-1, во „пенал рулетот“ подобри беа фудбалерите на Работнички.
Утре, бранителот на трофејот Вардар на теренот крај ФФМ, ќе го пречека Новаци, а последниот четвртфиналист ќе го дознаеме дури на 19 ноември.
Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Охрид и Детинит Плачковица.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале
21 октомври – вторник
БАШКИМИ – СИЛЕКС 1-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА Т.Л. 0-5
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 4-3 на пенали (1-1)
ШКЕНДИЈА Арачиново – ПЕЛИСТЕР 1-0
22 октомври – среда
ВАРДАР – НОВАЦИ 14 часот
19 ноември
ШКЕНДИЈА Тетово – ТИКВЕШ 13 часот
веќе одиграно
ОХРИД ЛИХНИДОС – ШКУПИ 3-0
БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-1


































