Со три натпревари што ќе се играат денеска ќе почне сезоната во Првата (поранешна Втора) ма-ка кошаркарска лига.
14-те екипи се поделени во две групи (по седум), а новитет е што годинава и во оваа конкуренција тимовите може да ангажираат странец (по еден). По одигрувањето на 12-те натпревари (шест дома- шест на гости), ќе се формираат две нови групи (Топ-8 и Плеј-аут).
Четирите првопласирани тима во А и Б групата, ќе ја формираат Топ-8 конкуренцијата во кој ќе бидат одиграни нови осум кола. Потоа ќе следи плеј-офот по кој само шампионот ќе обезбеди пласман во повисок ранг на натпреварување, Супер лигата.
ГРУПА А
Понеделник
ВАРДАР – ТЕТЕКС 18:00
МЕГА БАСКЕТ – ЦРН ДРИМ 20:30
Вторник
ВОДНО САНС – ОХРИД 15:00
Слободен МЛАДИНЕЦ
ГРУПА Б
понеделник
СПОРТИСИМО – ОВЧЕ ПОЛЕ 21:00 Б група
Среда
СТРУМИЦА РОЛИНГ – СТРУМИЦА ФМП 16:00
СОКОЛИ 1933 – БОРЕЦ БАСКЕТ 18:00
Слободен БУТЕЛ


































