Во женскотата одбојкарска прва лига на програмата се дуелите од второто коло во новата сезона.
Оваа рунда ја отворија вчера Вардар ЕМ и тимот на Наковски волеј, меч кој гостинките од Струмица го добија убедливо со 0-3 во сетови. За составот на Наковски волеј ова беше втората победа.
Денеска на програмата се нови три натпревари. Шампионот Јанта волеј пред својата публика во Кисела Вода ќе ја пречека екипата на Струмица. Овој меч ќе почне од 18 часот, терми во кој ќе стартуваат и другите два денешни.
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот во Битола.
ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 2 КОЛО
Сабота
ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ – СТРУМИЦА 18.00 часот
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ 18.00
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 18.00
Понеделник
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – УСКАНА ВОЛЕЈ 17.30
Петок
ВАРДАР ЕМ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 0-3 (25:20, 25:18, 25:9)

































