Ракометарот на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков го постигна најдобриот гол во 5.коло на Лигата на шампионите.

Манасков постигна 8 гола, како и Хенигман, но тоа не им помогна на пелистерци да избегнат пораз од европскиот гигант Барселона со 30-34.