Со натпреварот одигран вечерва во Штип, во кој Младост УГД беше подобар од Фит Фан Волеј, комплетирано е првото коло во женската одбојкарка Прва лига.

Домашниот тим со 3:1 во сетови го доби мечот и победнички ја почна новата сезона. Младост добро го отвори натпреварот, го освои првиот сет од 25-18, а во вториот беше уште подобар со 25-16.

Во третиот сет одбојкарките на Фит Фан волеј одиграа квалитетно и на разлика со 24-26 го добија сетоти и намалија на 2:1.

Четвртиот почна со водство на гостинките, па домаќинот се враќаше во игра. Израмни на 4-4, а потоа имаше и предност од четири поени 18-14. Младост УГД имаше три сет топки, за да ја искористи последната и да го доби сетот со 26-24, а мечот со 3:1.

Следете нé на социјалните мрежи