Кошаркарите на ТФТ попладнево го почнуваат својот настап во регионалната АБА2 лига. Тимот од скопската населба Тафталиџе по пауза од една година повторно се враќа во ова натпреварување, овој пат поискусни и со повисоки амбиции.
Иако требаше да почне со гостување во Загреб во понеделникот, сепак поради откажувањето на Цибона од натпреварувањето, „возниот ред“ се промени. Така составот на Боро Смилковски денеска ќе игра во Крагуевац, Србија со екипата на Раднички.
„Ја отворивме сезоната со две победи во нашата лига, имаме одлична тимска хемија,.
Раднички има добар тим и имаат предност што играат на домашен терен, но ако ги контролираме скоковите и играме брзо во нападот, ќе ја добиеме посакуваната победа во Крагуевац.
Во Аба 2 оваа сезона целта ни е да бидеме меѓу првите 8, ќе бидам оптимист и се надевам дека ќе се бориме за влез во АБА1“, вели Виктор Ташковски
Во групната фаза, ТФТ покрај Раднички ќе игра и со : Војводина, Хелиос, Широки, Борац, Слобода Тузла и Јахорина.
Денешниот дуел Раднички – ТФТ ќе почне во терминот од 18 часот, може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.




































