Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа нов пораз во Лигата на шампионите откако вечерва загубија од повеќекратниот европски првак Барселона со 34:30.
Битолчани беа рамноправен противник против фаворитот во поголемиот дел од првиот дел, а резултатот беше нерешен девет пати до 9:9. Во тој период македонскиот првак во четири наврати имаше водство од еден гол. По 9:9 Барселона направи серија од 6:1 за водство од 15:10 што само ја навести победата на шпанскиот тим.
Во второто полувреме Барселона во неколку наврати имаше предност од +7, а во финишот битолчани намалија на 30:33, но Барселона го задржа водството.
Најефикасни на дуелот беа Дејан Манасков и Ник Хенигма од Пелистер, двајцата постигнаа по 8 голови. Кај победничката екипа Дика Мем и Домен Макуц постигнаа по 6. Голманот на Е.Пелистер Никола Митревски дуелот го заврши со 9 одбрани.
Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува кај Магдебург.





































