Ракометниот вицепрвак на Македонија, скопски Вардар ја почнува сезоната на европската сцена односно Европската лига.

Вардарци ќе играат во групата Ф заедно со: Тулуз (Франција), Кристијанштад (Шведска) и Сесвете (Хрватска).

Хрватскиот тим е првиот противник на црвено-црните со кој ќе играат во СЦ „Јане Сандански“ вечерва.

„Стартува Европската лига, играме дома, со екипа која не ја познаваме најдобро, но сме фаворити.

Трениравме одлично, спремни сме за ривалот. Сакам да ги повикам сите навивачи да не поддржат и заедно со победа да го отвориме ова натпреварување. Имаме големи амбиции и верувам дека ќе ги оствариме“, изјави Гоце Георгиевски. 

Целта на вардарци е јасна, да се обезбеди едно од првите две места што водат во „нокату“ фазата. 

Натпреварот Вардар – Сесвете што ќе почне од 18.45 часот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3. 

Следете нé на социјалните мрежи